По повод 8-от роденден на OhridNews, до нашата редакција пристигнаа бројни честитки и пораки со поддршка.
„Пo повод 8 годишнината од работата на OHRIDNEWS, првиот електронски весник во Охрид и земјата, Ви упатуваме искрени честитки и желби за натамошна успешна работа.
OHRIDNEWS, изминативе години се докажа како сериозен информативен портал кој цврсто опстојува на професионалното, објективното и непристрасно информира- ње со високо нормирани стандарди на отвореност кон читателите и институциите на системот.
OHRIDNEWS, грижливо работејќи во интерес на граѓаните и заедницата, ја заслужи довербата на јавноста, со што и понатаму останува медиум кој се чита и на кој му се верува.
Со посебно задоволство и почит, ја потенцираме извонредната соработка што Секторот за внатрешни работи Охрид ја има со OHRIDNEWS и Вашиот придонес, СВР Охрид да биде претставен како вистински сервис на граѓаните и гарант на заштитата на човековите права и слободи.“- се вели во честитката што до нашата редакција ја испратија СВР Охрид и портпаролот на оваа институција Стефан Димовски.
Роденденски честитки упати и ЕД „Грашница“
„Ви упатуваме искрени честитки за 8-годишнината од постоењето на Ohridnews!
Продолжете да го негувате објективното новинарство како и во изминативе 8 години!
Ве поддржуваме во успешната работа за откривање на интересни стории.
Веруваме дека и во наредниот период ќе ја продолжиме заедничката соработка како и досега.“ – се вели во честитката по повод 8-от роденден на OhridNews, што ја упати Еколошко друштво Грашница, Охрид.
OhridNews