Во историскиот временски континуитет на вековната македонска борба за слобода и своја држава Втори Август- Илинден преставува најсветол датум. Датум кој се возвишува и во 1903 и 1944 година и ја обележува истрајноста на македонскиот народ но и неговата  пожртвуваност за своја сопствена македонска држава, се наведува во честитката од општинската ВМРО ДПМНЕ, по повод големиот празник Илинден.

– Затоа овој датум преставува симбол на македонскиот непокор и е одбележуван од сите македонци ширум светот. Но овој празник кој има и Верски карактер и не потсетува на главните верски одлики, со што треба да се потсетиме на борците кои ги дале своите животи за денешната слобода во која живееме и токму од тука треба да започне нашето чевствување. 2 Август и во денешно време ја симболизира континуираната борба за зачувување на државноста, за истрајноста на нашите цели бидејќи тоа е основното што им го должиме на изминатите генерации но и на генерациите кои доаѓаат,стои во честиката.

Со честитка за 2 Август-Илинден, националниот празник на Република Македонија, и СВР Охрид.

– Како служба, оддавајќи почит кон слободарските традиции на Македонскиот народ, идеалите на Илинден и АСНОМ, и понатаму, професионално и неселективно работиме во заштита и унапредување на човековите слободи и права и во сузбивањето на криминалитетот. Градиме партнерски однос и блискост со граѓаните и транспарентно работиме на заштитата на вистинските вредности на нашето општество. Посветени сме кон изградбата на демократска заедница на рамноправни граѓани, градиме стабилен безбедносен систем кој успешно ке се справува со новите безбедносни предизвици, и кој ке ја зацврсти Република Македонија како современа и безбедна европска  држава, наведуваат од СВР Охрид.

OhridNews