Пулбиката во Торино после завршување на натпреварот помеѓу Италија и Македонија (1-1) со аплауз ги награди нашите фудбалери за храбриот пристап и добриот резултат, а домашните ги исвиркаа поради слабата игра и второто место во групата кое ги носи во баражот за пласман на Светското првенство во Русија.
– Дечки, вие не сте нормални. – напиша селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, кој пак после мечот изјави дека задоволството да се одигра реми против поранешен шампион на светот е задоволство, но и одговорност за мечот кој следува со Лихтештајн.
Италијанскиот селектор Џанпјеро Вентура негодуваше за свирежите упатени кон неговите избраници. – Изигравме едно добро полувреме и едно лошо и секој има право на лош ден. Кога навивачите ја свират земјата, се свират самите себеси, затоа треба да подлабока да се размислува за оваа тема.
Ремито со Македонија не успеа да го засени Џиџи Буфон кој по 172-ри пат го носеше дресот на „азурите“. По тој повод чуварот на мрежата настапи со син дрес, бидејќи во практика е голманот да се разликува од останатите фудбалери на теренот.
Сензационално реми на Македонија против Италија во Торино ! (видео)
OhridNews