Традиционалната културна манифестација „Прличеви Беседи“  ќе започне на 04.02.2022 ( петок) со свеченост по повод Патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“. Свеченоста е предвидено да започне во 11:00 часот, а веднаш потоа ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев, информираат од Општина Охрид.

Истиот ден во 12:00 часот во големата сала при Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Охридски раскажувачи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор ќе биде м-р Перчо Божиновски.

Програмата продолжува наредниот ден 05.02.2022 (сабота) со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУЦК „Григор Прличев“ во изложбениот салон во Центарот за култура со почеток во 11:45 минути. Истиот ден во 12:00 часот се организира свеченост посветена на лауреатот кој ја доби наградата „Григор Прличев“.  На малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“  ќе настапи  хорот при установата, ќе биде претставена наградената поема “ЦВЕТКО” со артистичка изведба на поемата, а потоа и официјално ќе биде врачена Повелбата за најдобра поема за 2021 година на Трајче Кацаров. Во 13:00 часот ќе биде промовирана монографијата „Прличеви беседи (1952-2022) Хроника на еден културен настан “од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска. Промотор ќе биде Владо Жура, а промоцијата исто така ќе се одржи на малата сцена при Центарот за култура.

Програмата ќе заврши на 06.02.2022 (недела). Во 11:00 на гробот на Григор Прличев (во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта) ќе се одржи панихида и ќе биде положено свежо цвеќе.  Во 12:00 часот пред споменикот на Григор Прличев во непосредна близина на библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“ во чии рамки ќе биде изведена песната 1762 лето од страна на хорот при ООУ „Григор Прличев“, ќе биде положен лавров венец на спомен-бистата на поетот, а ќе бидат врачени награди на првонаградените литературни творби на распишаниот литературен конкурс од страна на ООУ „Григор Прличев“.

Носители на манифестацијата се Општина Охрид, НУЦК „Григор Прличев“ , Библиотеката „Григор Прличев“, ООУ „Григор Прличев“ и Друштвото на писатели на Македонија.

 

OhridNews