Во пресрет на националниот празник Илинден, традиционално, вечерва пред спомен обележјето на илинденците во Велгошти, беше положено свежо цвеќе.

Пред паметникот на хероите од Илинденскиот период се поклонија градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, претставници на општината и Советот на град Охрид, пратениците Пецаков и Петкоска и претставници на политичките партии.

Празникот Илинден во Охрид ќе биде одбележан со пригодни настани, додека централната прослава на националниот празник традиционално ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево.

OhridNews
фото: А. Момироска