По повод јубилејот „1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски чудотворец“ денес во катедралниот храм „Света Софија“ со почеток во 18 часот,  свечено ќе биде отворена изложбата на икони „Свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“.

Изложбата свечено ќе ја отвори неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Истовремено ќе биде промовирана и книгата „Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов“ од д-р Сашо Цветковски. Промотори на книгата ќе бидат Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и академик Цветан Грозданов.

OhridNews