Стогодишнината од смртта на преродбеникот, учебникар, собирач на народни умотворби и културен деец, Кузман Шапкарев ќе биде одбележана со пригодна свеченост утре напладне во големата сала на Општина Охрид.

Покрај музичко–рецитаторскиот дел во кој ќе бидат презентирани музички нумери на пијанистката Емилија Маринова, како и рецитал на Анета Јованоска со избор на текстови и творби од Шапкарев, се очекува за одбележувањето на самиот настан во Охрид да зборува актуелниот градоначалник Александар Петрески.

За значењето на делото и придонесот на Кузман Шапкарев за македонската книжевност и литература, свое излагање ќе има професорот Митре Велјаноски.  

Ohridnews