Охридските ракометари по победата над Радовиш 21-17 направија скок од четири места на табелата во Супер лигата и сега се наоѓаат на шестата позиција.

До крајот на првенството избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ќе одиграат уште два натпревари со Зомимак во гости и против Металург Јуниор на домашен терен.
Резултати : Охрид – Радовиш 21-17, Овче Поле – Металург јуниор 18-33, Пелистер – Преспа 32-18, Куманово – Текстилец 28-25, Пролет – Зомимак М 27-27
Табела : Зомимак М – 43 бода, Пролет 40, Металург јуниор 28, Пелистер 28, Радовиш 24, Охрид 15, Преспа 13, Текстилец 13, Овче Поле 12, Kуманово 12.
Мх.П.










