Пред точно четири години во магливо утро на автопатот Белград – Загреб кај Нова Градишка во тешка сообраќајна несреќа згасна животот на најголемата балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески.


Тоше Проески 1981 – 2007

Иако имаше само 26 години зад себе остави импресивно музичко наследство. Издаде седум студиски албуми и испеа голем број хитови кои и ден денес се вртат на радиостаниците во земјите од опкружувањето. Посебно место во неговиот музички опус имаше македонската изворна музика, која благодарение на неговите преработки силно се реафирмираше.


Плоштадот во Охрид ден по смртта на Тоше

Тоше беше голем хуманист и човекољубец, верник и почитувач на традицијата. За време на неговиот живот го започна обновувањето на манастирот Свето Преображение во неговото родно Крушево, над кое сега се издига 33 метарски крст, како исполнување на неговиот сон.


Последниот концерт на Тоше – 5ти октомври 2007 во Скопје

Тоше остави длабока трага во срцата на луѓето и многумина го чувствуваа како свој најблизок. Обожавателите го прогласија за ангел, а неговото вечно почивалиште стана светилиште.


Ангелу наш продолжи да живееш на небото!

OhridNews