Изминатиов викенд, на подрачјето на СВР Охрид регистрирани се четири кривични дела ,„Кражба“ две кривични дела „Измама“ и едно кривично дело „Оштетување“. Јавниот ред и мир е нарушен во пет случаи а евидентирани се две сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Притоа, предизвикана е помала материјална штета, соопшти СВР Охрид.
На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани се едно кривично дело „Фалсификување пари,“и едно нарушување на Јавниот ред и мир. Во истиот период регистрирани се три сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.
извор СВР Охрид












