На 28.07.2025 во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32-годишно лице од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишно лице од с.Лескоец, охридско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо“, 62-годишната жена и 30 годишен маж, двајцата од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВр Охрид.
По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
OhridNews