Сагата околу фудбалерот на Челси, Џон Тери нема крај. Откако капитенот на “сините“ пред неколку дена објави крај на фудбалската кариера сега му стигна казна од Англиската федерација.

За случајот со Антон Фердинанд по кој му беше одземена капитенската лента во англиската репрезентацијата Џон Тери заработи суспензија од четири меча и неверојатни 220 000 фунти казна.

Столбот на одбраната Џон Тери за почетокот ќе го пропушти дербито за Лондон, против Арсенал а потоа може да врачи жалба.

Мх.П.