Во последните 24 часа се направени 1772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19, од кои 4 во Охрид, информира Министерството за здравство. Најмногу новодијагностицирани има во Скопје 32, Куманово 15, Гостивар 12, Тетово 9, Прилеп 8, Штип 8, Струга 4.

Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациент,  од нив 16 во Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253.

OhridNews