Бранителот на трофејот во СЕХА лигата, Вардар запиша нови бодови на табелата совладувајќи го Татран Прешов 32-28 (18-11) во Скопје.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез со словачкиот преставник се соочи со комбиниран состав, но и со таков ростер „црвено црните“ доминираа од почетокот до крајот на натпреварот.

„Вардарци“ со победата над Татран Прешов го задржаа стопроцетниот ефект во регионалната СЕХА лига по четири одиграни мечеви и се зацврстија на врвот.

Tриумфот и продолжувањето на победничката серија е одлична најава за дуелот кој ги очекува „црвено црните“ против Нант во Лигата на Шампиони.

OhridNews