Охридските каратисти од клубот „Чоле“ освоија четири одличја на Државното првенство за дечиња од 10 до 13 години кое се одржа во Скопје.


Едно од четирите одличја беше со најсветол сјај, а го освои Мартина Петреска во дисциплината борби до 30 килограми. Петреска со сребрен медал се закити во дисциплината кати до 10 години. Горан Вранишкоски во дисциплината борби до 50кг го освои бронзениот медал, додека Симон Петрески во дисциплината борби до 13 години и 40кг обезбеди бронзен медал.

Мартина, Симон и Горан со освоените медали на Државното првенство си чекираа билет за Балканското првенство кое ќе се одржи од 19 до 21 мај во Турција.

OhridNews