Bordeux – Lorient 1 (2.0)
Вечерва во 18.00 во француската Лига 1 се игра заостанатиот натпревар помеѓу екипите на Бордо и Лорен.Наш фаворит е екипата на Бордо која дома од последните 5 натпревари има 4 победи и 1 нерешен натпревар,а во последните 5 натпревари во лигата има 2 победи(Евијан 2:1,Ст.Етјен 2:0) и 3 порази (Реимс 1:0,ПСЖ 2:0,Бастија 1:0).
Од друга страна екипата на Лорен се наоѓа на 12-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 1 победа против екипата на Генгамп со резултат 2:0,2 нерешени натпревари (Монако 2:2,Валенсиенес 1:1) и 2 порази (Марсеј 1:0,Тулуз 1:3(последните два натпревари)).
И традицијата е на страна на екипата на Бордо која има 8 победи,5 нерешени и 3 порази од екипата на Лорен.
Ако победи Бордо ќе се искачи на 7-та позиција со само 5 бодови негатива од 4-от Ст.Етјен,позиција која води во Европа,според нас тоа е уште еден мотив за екипата на Бордо,која не би требало да киксне против далеку послабиот Лорен.
Zenit-B. Dortmund X прво полувреме (1.9)
Денес во 18.00 часот продолжува лигата на шампиони,играат Зенит и Борусија Дортмунд. Фаворит е екипата на Борусија,но ќе мора да се помачи на теренот на Зенит,затоа што русите нема лесно да се предадат.Наш избор е нерешено прво полувреме,се претпоставува дека и двете екипи ќе тактизираат и испитуваат терен.
Зенит имаа пауза од два месеци и до сега играа само пријателски натпревари.Во последните 5 натпревари од лигата имаат 1 победа,2 нерешени натпревари и 2 порази.Во осминафиналето од лигата на шампиони се пласираа како 2-ри со само 1 победа против екипата на Порто со резултат 1:0,3 нерешени натпревари (Атлетико Мадрид 1:1,Порто 1:1,Австрија Виена 0:0),2 порази (Австрија Виена 4:1,Атлетико Мадрид 3:1).
Од друга страна екипата на Борусија е во подобра форма,во последните 5 натпревари од Бундес лигата имаат 3 победи,1 нерешен натпревар и 1 пораз.Во лигата на шампиони се пласираа како 1-ви оставајќи ги зад себе екипите на Арсенал,Наполи и Марсеј.Во групната фаза екипата на Борусија имаше 4 победи (Марсеј 1:2,Наполи 3:1,Арсенал 1:2,Марсеј 3:0) и 2 порази (Арсенал 0:1,Наполи 2:1). Досега овие две екипи немаат меѓусебен дуел.
Повредени играчи од екипата на Борусија:Бандовски,Блажчиковски,Суботич,Гундоган,Хумелс.
Од екипата на Зенит повреден е само Широков.
Olympiakos -Manchester Utd. X (3.4)
Вечерва Олимпијакос на својот жежок терен го пречекува Манчестер Јунајтед,кој полека но сигурно и најверојатно во прав момент излегува од кризата.
Олимпијакос во грчката лига е без конкуренција и гази се пред себе.Тие во последните 5 натпревари имаат 5 победи,што укажува на нивната форма,а во лигата на шампиони се пласираа како 2-ри веднаш позади ПСЖ,а оставајќи ги зад себе Бенфика и Андерлехт.
Олимпијакос во групната фаза имаше 10 бодови со 3 победи (Андерлехт 3:1,Бенфика 1:0,Андерлехт 0:3),1 нерешен натпревар против екипата на Бенфика со резултат 1:1 и 2 порази (ПСЖ 2:1,ПСЖ 1:4).
Од друга страна пак Манчестер во Премиер лигата се враќа малку по малку и во последните 5 натпревари имаат 2 победи,2 нерешени натпревари и 1 пораз.
Во лигата на шампиони пак се пласираа како 1-ви пред екипите на Леверкузен,Шахтјор и Реал Сосиедад,со 4 победи (Шахтјор 1:0,Леверкузен 0:5,Реал Сосиедад 1:0,Леверкузен 4:2) и 2 нерешени натпревари (Реал Сосиедад 0:0,Шахтјор 1:1).
До сега овие две екипи играле 2 пати и 2 пати победил Манчестер.
Повредени играчи Олимпијакос:Холебас,Валдез
Повредени играчи Манчестер:Фелаини,Фердинанд,Еванс,Џонс,Нани,Рафаел,Велбек
Chelsea У19-Milan У19 1 (1.65)
Во 16.00 во лигата на шампиони до 19 години играат екипите на Челзи и Милан. Апсолутен фаворит е екипата на Челзи која се пласира како прва со 100% учинок од 6 победи,оставајќи ги зад себе екипите на Шалке,Стеауа и Базел.
Од друга страна Милан се пласира како втор веднаш позади екипата на Барселона,оставајќи ги зад себе екипите на Селтик и Ајакс со 2 победи,2 нерешени и 1 пораз. станува да видиме ова попладне дали силната екипа на Челзи ќе си го трасира патот кон четвртфиналето.
Ohridnews