Atl. Madrid-Milan 1 (1.5)
Вечерва се играат осминофиналните реванш натпревари на лигата на шампиони.Наш избор е екипата на Атлетико Мадрид,која до некаде си ја заврши работата на првиот натпревар,победувајќи ја екипата на Милан со 1:0 на гости.
Атлетико во шпанската Примера се наоѓа на втората позиција веднаш зад Реал Мадрид,а на последните 5 натпревари имаат 2 победи (Селта Виго 0:2,Ваљадолид 3:0),1 нерешен натпревар со градскиот ривал Реал Мадрид со резултат 2:2 и 2 порази (Осасуна 3:0,Алмерија 2:0).
Од друга страна пак Милан во италјанската Серија А се наоѓа на 10-та позиција и не е баш и во некоја форма,така на последните 5 натпревари имаат 2 победи (Сампдорија 0:2,Болоња 1:0) и 3 порази (Удинезе 1:0,Јувентус 0:2,Наполи 3:1). Овие две екипи до сега изиграле само еднаш и тоа е последниот нивни двобој на Сан Сиро.
Bayern München-Arsenal 3+(1.5)
Другиот вечерашен натпревар од лигата на шампиони е натпреварот Баерн-Арсенал. И тука домаќинот до некаде си ја заврши работата уште во првиот натпревар,но со Арсенал не се знае,сите го паметат минатогодишниот натпревар каде за малку Баерн не беше елиминиран на свој терен баш од Арсенал и во слична ситуација како оваа беа тогаш работите.
Според тоа денес се одлучивме да типуваме на голови итоа 3 или повеќе. Баерн во германската Бундес лига на последните 5 натпревари има дури 4 со скор 3 или повеќе голови со резултати (1:6,5:1,0:4,4:0).
Од друга страна Арсенал во англиската Премиер лига на последните 5 натпревари имаат 2 натпревари со скор 3 или повеќе голови итоа со резултати (4:1,5:1) и оној последен натпревар од ФА купот со Евертон кој заврши со 4:1 во корист на Арсенал.
Според традицијата на овие две екипи до сега подобра била екипата на Баерн со 3 победи и 2 порази,а давала по 1.6 голови по натпревар,додека Арсенал давале по 1 гол на натпревар. Како и да вечерва очекуваме брз и динамечен футбал со многу голови.
Middlesbrough-Nottm Forest 0-2 голови (1.6)
Вечерва се игра 35-то коло од англиската Чемпионшип.Се определивме за натпреварот Миделсброу-Нотингем. Според нас ова би требало да биде натпревар со малку погодоци.
Миделсброу на последните 10 натпревари имаат скор со 2 или помалку голови а ова се резултатите од последните 5 (2:0,1:0,0:0,1:0,0:0).
Нотингем од друга страна пак е во благ пад и на последните 5 натпревари имаат 1 победа,1 нерешен натпревар и 3 порази,но само 1 натпревар со скор од 0 до 2 голови.
До сега овие два тима имаат 10 натпревари и екипата на Миделсброу давала по 0.8 голови а Нотингем давале по 1.1 голови по натпревар.
Barnsley-Leicester 2 (1.8)
Друг интересен натпревар за типување од Чемпионшип лигата е натпреварот помеѓу Барнсли и Лестер. Наш фаворит е екипата на Лестер која се наоѓа на првата позиција и е со една нога во Премиер лигата.
Лестер на последните 5 натпревари се без пораз со 3 победи (Чарлтон 3:0,Ипсвич 3:0,Борнемоут 0:1) и 2 нерешени натпревари со екипите на Нотингем и Ватфорд со идентичен резултат 2:2.
Од друга страна екипата на Барнсли се наоѓа на предпоследната позиција и со шанса за опстанок,а на последните 5 натпревари имаат 2 победи со екипите на Нотингем и Милвол со идентичен резултат 1:0,1 нерешен натпревар со екипата на Донкастер со резултат 2:2 и 2 порази (Хадерсфилд 5:0,Виган 2:0).
И традицијата е на страна на екипата на Лестер која 13 натпревари одиграни против Барнсли има 8 победи,2 нерешени натпревари и 3 порази.
Јане Лабоски