Valencia-Granada 1 (1.5)

Вечерва во 19.00 во шпанската Примера се игра натпреварот помеѓу екипите на Валенсија и Гранада.Наш избор е екипата на Валенсија,која се бори за влез во Европа и заостанува со 8 бодови позади 6-то пласираниот Виљареал. Валенсија во последните 5 натпревари има 2 победи (Бетис 5:0,Барселона 2:3) и 3 нерешени натпревари (Севиља 0:0,Еспањол 2:2,Малага 0:0).

Од друга страна пак екипата на Гранада се наоѓа на 12 позиција и во последните 5 натпревари имаат 1 победа против екипата на Бетис со резултат 1:0,1 нерешен натпревар со екипата на Осасуна со резултат 0:0 и 3 порази (Еспањол 1:0,Селта Виго 1:2,Реал Мадрид 2:0).

И традицијата е на страна на екипата на Валенсија,имено екипата на Валенсија има 100% учинок против Гранада,од 5 натпревари имаат 5 победи.

Osasuna-Atl. Madrid 2 (1.5)

Во 21.00 часот се затвара 25-то коло на шпанската Примера,честа ја имаат екипите на Осасуна и Атлетико. Фаворит е екипата на Атлетико,која има шанса да ја помине екипата на Барселона која загуби во вчерашниот дуел со Реал Сосиедад.

Атлетико во последните 5 натпревари има 3 победи (Ваљадолид 3:0,Реал Сосиедад 4:0,Ваљекано 2:4),1 нерешен натпревар против екипата на Севиља со резултат 1:1 и 1 пораз од екипата на Алмерија со резултат 2:0.

Осасуна се наоѓа на 14-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 1 победа против Гетафе со резултат 2:0,2 нерешени натпревари (Гранада 0:0,Елче 0:0) и 2 порази (Виљареал 3:1,Атлетик Билбао 1:5).

И традицијата е на страна на Атлетико.Имено Атлетико има 11 победи,5 нерешени и 8 порази против екипта на Осасуна.

Останува да видиме дали Атлетико вечерва ќе ја помине Барселона и ќе се изедначи со лидерот Реал Мадрид.

Udinese-Аtalanta 1 (1.8)

Во 25-то коло на италијанското Калчо на Фриули се среќаваат екипите на Удинезе и Аталанта. Наш фаворит е екипата на Удинезе,затоа што Аталанта цела сезона кога играла на страна зела само 4 бода и има 10 порази со 7 дадени и 21 примен гол.Во Торино,Аталанта изгуби со 1:0,а од Фиорентина со 2:0,а пред денешниот натпревар изгубија од Парма со 3:0.

Од друга страна ни Удинезе не се во некој ритам,но игра на домашен терен и не веруваме дека Ди Натале,Муриел,Бруно Фернандес и останатите ќе дозволат да им побегнат лесни 3 бодови од овој натпревар.

Според традицијата имаме отприлика изедначен скор,но во позитива на Удинезе,7 победи,5 нерешени натпревари и 5 порази.

Toulouse-PSG 2 (1.5)

Денес во 14.00 продолжува 26-то коло на франциската Лига 1. Наш избор е екипата на ПСЖ,која е во последно време е неприкосновена и гази се пред себе. ПСЖ во последните 5 натпревари имаат 3 победи (Ванесиенсес 3:0,Бордо 2:0,Нант 5:0) и 2 нерешени натпревари (Монако 1:1,Генгамп 1:1).

Од друга страна екипата на Тулуз се наоѓа на 10-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 1 победа против Лорен со резултат 3:1,2 нерешени натпревари (Ст.Етјен 0:0,Марсеј 2:2) и 2 порази (Бастиа 1:3,Монако 0:2).

И традицијата е на страна на ПСЖ со 100 % учинок.Имено овие две екипи до сега имаат изиграно 6 пати и сите 6 пати победник била екипата на ПСЖ.

Ohridnews