Литванија е последниот патник во полуфиналето од предолимпискиот турнир во Каракас, откако со 76-72 ја совлада селекцијата на Порторико.

Претходно Русија ја совлада Ангола, Нигерија ја шокираше Грција, додека Македонија не успеа да ја мине Доминикана.

Во полуфиналето ќе се сретнат Русија – Нигерија односно Литванија – Доминикана.

Победниците ќе обезбедат билети за Лондон, додека поразените ќе имаа уште една шанса во меѓусебниот дуел да го обезбедат посакуваното место за британската престолнина.