Четиригодишно дете од Неготино утрово било нападнато од кучето на соседите. 

Со рани на главата, рамото и надколеницата, тоа било примено во болницата во Кавадарци, каде му е пружена помош и е задржано на лекување.

За неколку дена ова е втор напад на куче врз дете. Во кичевско кучиња растргнаа исто така четиригодишно дете кое почина на скопските клиники како последица од тешките повреди здобиени од нападот. Во истото место кучиња нападнаа и возрасна жена.

Последните случаи уште еднаш го отвораат прашањето за третманот на властите на проблемот со кучињата. Иако со закон се обврзани, во земјава речиси и да нема општина која има соодветно прифатлиште и стручни служби за грижа за бездомните животни, но и за миленици кои несоодветно се чуваат од несовесни граѓани, се напуштаат, а некои се изложуваат на крвави борби, без притоа да бидат санкционирани.

OhridNews