Австриецот Грегор Шлиренцауер победи на јубилејното, 60-то издание, на новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Популарниот “Шлири“ победи на натпреварувањта во Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен, беше втор во Инсбрук и трет во Бишосхофен,триумфирајќи пред сонародниците Томас Моргенштерн и Андреас Кефлер.


Последната скокалница, во Бишосхофен ја освои Моргенштерн, пред Андерс Бардал од Норвешка и славеникот Шлиренцауер.

Ohridnews