Владимир Четкар оваа недела го отвори Ауди Интернационалниот Џез Фестивал Пном Пен во Камбоџа. Патрон на фестивалот беше Ауди, а на отварањето на кое можеше да се присуствува само со покани беше присутен дипломатскиот кор, приватниот бизнис сектор и членови на кралското семејство на Камбоџа.
Концертот на Владимир Четкар го најави Францускиот амбасадор во Камбоџа Жан Клод Поимбуф и доби феноменални критики од повеќе национални медиуми во земјата, но и од интернационални медиуми како Францускиот Ле Петит Журнал кој меѓу другото за македонскиот џез соул фанк артист го напиша следното: “Неговата изведба беше извондредна од секој аспект. Во фанк- соул стил, близок до оној на Џорџ Бенсон и со влијание на диско ерата на 70-тите, артистот со својата енергија успешно искомуницира со публиката која на почеток на евентот изгледаше како да не беше доволно фокусирана. Потребно е многу енергија и страст за да се направат вакви два музички сета со толку високо ниво на квалитет и покрај тоа што акустиката во Салата на Ауди не е најидеална за музицирање. Во еден момент таа вечер Четкар со чист балкански стил успеа да ги собере сите гости заедно на подиумот и да ги натера да играат и пеат…”
Пред концертот во Камбоџа македонскиот музичар имаше два концерти во Малезија, во Пенанг на Интернационалниот Пенанг Џез Фестивал и во музичкиот клуб Лондри во Куала Лумпур, главниот град на Малезија.
На концертите во Малезија и Камбоџа тој беше прудружуван од Бено Сатлер, Енди Питерсон, Маркус Хо и Крис Супагит. Четкар со Азиската турнеја која е подржана од Министерството за Култура на Македонија наскоро продолжува во Бомбај, Индија каде на 25 Декември ќе настапи на фестивалот Муд Индиго, најголемиот музички колеџ фестивал во Азија.
OhridNews