Охриѓанецот Владимир Четкар во понеделникот имаше извонреден настап во Роквуд Мјузик Хал на Менхетен, Њујорк, каде како специјален гостин се појави легендарниот диско артист Ди Си Лару.

Настапот како и атмосферата во Роквуд беа феноменални а меѓу публиката таа вечер присуствуваше познатиот њујоршки ди џеј-продуцент Denis “Citizen” Kane, македонскиот конзул Звонко Муцунски како и еминентниот македонски етно музичар Драган Даутовски.


Владимир Четкар во Роквуд Мјузик Хал

На 8 Јуни Четкар патува за Вашингтон каде ќе одржи целовечерен концерт во Blues Alley. Blues Alley е несомнено еден од најпрестижнИте џез клубови во светот во чија чест е именувана и самата улица на која што се наоѓа клубот.

Во музичката програма на Blues Alley периодов се наоѓаат и интернационалните ѕвезди Lee Ritenour, Brian McKnight, Peter White, Cyrus Chestnut, Terence Blanchard, Kathy Sledge (Sister Sledge) и т.н.

Ова ќе биде втор настап во Blues Alley на Четкар кој е единствениот Македонец кој досега таму настапил. Концертот во Вашингтон ќе биде помогнат од Министерството за Култура на Република Македонија како и од Македонската амбасада во Вашингтон.


Кастел Брандо

Набрзо после Вашингтон Четкар заминува за Италија каде со својот бенд ќе има екслузивен настап во Кастел Брандо, еден од најимпресивните замоци во Италија. Настанот на кој ќе настапи Четкар ќе биде од приватен карактер и на него ќе присуствуваат околку 300 европски бизнисмени и банкари.

OhridNews