Светски познатиот џез и фанк изведувач, охриѓанецот Владимир Четкар, денеска, ќе одржи ексклузивен концерт во Гевгелија во клубот „Некст“ во најголемиот хотел-казино комплекс во Македонија, Рамада плаза-Принцес Казино.

Со настапот на Четкар клубот „Некст“ официјално ќе почне со работа оваа сезона.

Четкар ќе настапи на полноќ и ќе биде придружуван од Оливер Јосифовски на бас и Гоце Димитровски на тапани.

OhridNews