Четкар ќе настапи на најголемиот Џез фестивал во Њујорк, Blue Note Jazz Festival
08.05.12 00:03
На фестивалот кој трае 20 дена ( од 10 до 30 jуни ) и се одржува на повеќе познати локации низ Менхетен, ќе има преку 50 концерти на некој од најпознатите џез, фламенко, фанк, латино, блуз и соул музичари на денешницата меѓу кои: The Commodores, Bootsy Collins, McCoy Tyner, Michel Camilo, Meshell Ndegeocello, Arturo Sandoval, Cassandra Wilson, The Manhattan Transfer и многу други.
Четкар заедно со шпанската пеачка Конча Буика се единствените европски музичари што ќе настапат на овој светски престижен фестивал. Владимир ќе настапи на 23 јуни (сабота) во Blue Note Jazz Club каде ќе се претстави со авторска музика.
Претходно, на крајот на месец мај Четкар со својот бенд ќе настапи во Холивуд -Лос Анџелес во Каталина Џез клуб.
Како изгледале ранохристијанските базилики на Плаошник и Студенчишта во полн сјај пред 1500 години Одговорот денес не е само во археолошките книги, туку и пред очите на посетителите – преку 3...
На 12112026 во 18:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на 41 и 52-годишни лица од охридското село Долно Коњско Повредени лица нема, а интервенирала Територијал...
Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, т...