На 17 Јули познатата охридска тераса „Аквариус“ слави 22 години постоење. По тој повод ќе настапи Владимир Четкар кој тукушто пристигна во Македонија од Њујорк и ова ќе биде негов прв настап во Македонија оваа година.


Владимир Четкар

Четкар ќе настапи заедно со Оливер Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани.

Настапот ќе започне во 22 часот, а влезот е бесплатен.

OhridNews