На 2-ри август, Владимир Четкар ќе настапи на охридската плажа „Метрополис“ по повод нивното четиригодишното постоење. Четкар ќе биде придружиуван од Ѓоко Максимовски на бас-гитара и Гоце Стевковски на тапани.

Настанот започнува од 22 часот, а влезот е бесплатен.

Инаку, ова е само втор настап на Четкар во 2013-та година во земјава, по оној на 17-ти јули по повод 22 години постоење од охридската тераса „Аквариус“.

OhridNews