По неодамнешниот успешен концерт во Скопје кој беше во организација на Три Гонга, Владимир Четкар замина за САД каде го очекуваат неколку концерти во Њујорк, Детроит и Кливленд. На 31 Јануари, среда, Четкар се враќа на Тајм сквер со концерт во прочуениот Њујоршки клуб “BB king Blues Club” каде редовно настапуваат некој од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката.Четкар во Би Би Кинг ќе настапи во Лусилс, помалата сцена на Би Би Кинг Клубот.
На 2 Февруари, петок, Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо во клубот “Nighttown” кој според магазинот “Down Beatт” е еден од водечките џез клубови во светот, а наредниот ден, сабота, 3 Февруари ќе одржи концерт во Детроит во џез клубот “Jazz Cafe Detroit” кој се наоѓа во историскиот “Music Hall”.
На сите концерти Четкар ќе свири своја авторска музика и ќе предводи интернационален септет во кој ќе членуваат американски, јапонски, мексикански и холандски музичари.
OhridNews












