Оваа Сабота со почеток во 19:30 часот Владимир Четкар ке одржи концерт во њујоршкиот клуб ДРОМ (DROM).

Меѓу другите артисти кои настапуваат оваа недела во ДРОМ се и американската аренби пејачка Маја Азуцена, западно африканскиот урбан фјужн на Ава Санго и Мадина Бах, како и популарната француска пејачка на шансони и џез – ЗАЗ.

После настапот во Њујорк, Четкар со своето трио патува за Чикаго каде на 3 декември, сабота, ќе нaстапи во Xippo bar.

Настапот во Чикаго е организиран од страна на Македонско-американскиот културен и едукативен центар а потпомогнат е од Министерството за Култура на Република Македонија.

Четкар ќе биде придружуван од Мото Фукушима на бас гитара и Џефри Фахардо на тапани.

OhridNews