Последното издание на популарното бразилско радио шоу за Фанк, Соул и Асид Џез музика во Сао Паоло “Back to Black“ емитувано насекаде низ Бразил во својата плеј листа го вклучи охриѓанецот Владимир Четкар со композицијата “Born For The Screen“.
Музиката на Владимир Четкар е често на плејлистите на ова популарно бразилско шоу што претставува голема промоција за Македонија пред еден од најбројните и најмузикални народи во светот.