Набрзо после настапот во Вашингтон, во среда, Владимир Четкар ќе отпатува за Тревизо во Италија каде со својот бенд ќе има екслузивен настап во еден од најимпресивните замоци во Европа, Кастел Брандо.
Настапот во Кастел Брандо ќе биде од приватен карактер и на него ќе присуствуваат неколку стотици европски бизнисмени и банкари.
Во јули Четкар ќе се врати во Македонија каде традиционално ќе се претстави пред домашната публика со неколку концерти.











