Вчера во 09:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај село Врбјани, патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 42-годишен жител на Кичево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со повреди се здобиле четири лица, од кои едно со потешки,  констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

На местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.