Во нападот што синоќа се случи во центарот на Виерна, Австрија, убиени се најмалку 3 цивили, а повеќемина се повредени. Според полицијата се работи за терористички чин. Еден од напаѓачите е убиен, а по уште еден се трага.

Нападот се случил на шест локации во близина на синагогогата.

Според уредникот на австрискиот неделник „Falter“, Флориан Кленк, еден од напаѓачите идентификуван е како Куртин С. (20) Албанец роден во Виена, чии родители влечат корени од Македонија. Според австриската полиција Куртин од порано им бил познат на службите како приврзаник на Исламска држава, а во јуни годинава тој бил дел од група од 90 исламисти кои биле спречени да отпатуваат на боиштата во Сирија.

Информацијата денеска ја потврди министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Нехамер. Тој нистакна дека  напаѓачот кој бил убиен од полицијата при синоќешниот терористички напад во Виена имал потекло од Северна Македонија и богато криминално досие.

Австрија прогласи тридневна жалост поради терористичкиот напад кој силно одекна во светот. Во главниот град на земјата денеска не работат училиштата, а од безбедносни причини затворени се верските храмови.

OhridNews