Ммакедонскиот шампион Вардар со четири имиња партиципира во изборот на најдобриот тим во регионалната ракометна СЕХА лига. 


Раул Гонзалес е најдобар тренер, тој доби половина од гласовите и во изборот го победи колегата од Цеље, Бранко Тамше.

Тимур Дибиров како лево крило и Лука Циндриќ како среден бек, додека Илија Абутовиќ е најдобар дефанзивец. МВП на сезоната е ракометарот на Цеље, Блаж Јанц.

„Црвено црните“ кои сезоната ја завршија на првата позиција ќе бидат дел од завршниот турнир кој ќе се одржи во Брест. Противник на „вардарци“ во 1/2 финалето ќе биде составот на Загреб.

Тимот на сезоната во СЕХА го формираа: Иван Стевановиќ (Загреб), Тимур Дибиров (Вардар), Блаж Јанц (Целје), Момир Илиќ (Веспрем), Растко Стојковиќ (Мешков Брест), Лука Циндриќ (Вардар) и Даинис Кристопанс (Мешков Брест).

OhridNews