Според првичните резултати на Државната изборна комисија, Охрид во идниот остав на Собранието ќе има четворица пратеници.
ДИК на прес конференцијата одржана синоќа, соопшти дека во 5-та Изборна единица во која спаѓа и Охрид, владејачката ВМРО ДПМНЕ и опозициската СДСМ имаат освоено еднаков број на пратенички места, по девет. Тоа значи дека во идниот парламент влегуваат Д-р Љубен Арнаудов и Д-р Сашо Василевски од ВМРО ДПМНЕ, како и Томислав Тунтев и Жаклина Лазареска од СДСМ.
Овие резултати не се конечни, а ќе бидат официјализирани по завршување на рокот за жалби, кој е во тек.
OhridNews