Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообаќајната незгода што се случила денеска 15.50 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај с.Песочан.
Еден од повредените е префрлен во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, а три лица во општата болница.
Во незгодата учествувале две патнички возила, форд и застава 101, со охридски регистарски таблици. Во моментнов се врши увид кој треба да ги утврди причините за незгодата, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews












