Четвртиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ ќе се одржи утре со почеток во 15:30 часот во кругот на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, под покровителство на командерија „Св.Наум Охридски“ и кошаркарскиот клуб „Колибри“.

Организаторот ги повикува сите деца на возраст од 9 до 13 години да се пријават, без никаков надомест да играат и да се забавуваат во духот на хуманоста. Ги повикува и сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси, хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца. Собраните средства, традиционално ќе бидат донирани во Центарот за аутизам во Охрид.

Oва е четврт хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025 година, кој прераснува во една убава традиција. Турнирот ќе биде одлична можност за децата од Охрид и регионот, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух“, соопшти организаторот.

На турнирот ќе настапуваат деца во три категории: родени во 2016 година и помали, родени 2014-2015 и родени 2012-2013.

За најуспешните три екипи обезбедени се вредни награди, а секој учесник ќе добие маичка.

OhridNews