Во Охрид се одржува четвртата меѓународна конференција на педагошките работници од регионот. На конференцијата ќе бидат презентирани над 130 научни трудови на педагози од Македонија, БиХ, Албанија, Хрватска, Бугарија и Турција.


На средбата ќе бидат разменети искуства помеѓу професорите и научните работници од педагошките факултет од соседните земји за актуелни теми и истражувања во областа на образованието и воспитувањето, истакна деканот на Педагошкиот факултет од Скопје, Владо Тимоски. Тој рече дека Македонија има 4-годишно искуство во примената на трансфер кредит системот, и дека во тек е спроведување на  реформите во образованието како што е воведувањето на деветолетката. Тимоски смета дека деветолетката во основното образование во Макдонија успешно стартуваше, со мали  проблеми околу обезбедување на учебниците кои ќе бидат надминати. „Секој почеток е сложен но наставниот кадар и надлежните институции вложија максимални напори процесот успешно да започне“, рече Тимоски.


Владо Тимоски

ohridnews