Како дел од проектот “Ракотворбите од бабиното ковчеџе” на Женски центар “Бисера”, во сабота со почеток во 10 часот во ресторанот “Белведере” ќе се одржи четвртата по ред активност, работилницата на тема “Вредните бабини раце”.

Целта на проектот е преку неговата реализција да се сочува културното богатство- рачно изработените носии, плетени и ткаени ракотворби кои во минатото ги изработувале охридските жени.

Проектот е одобрен и финансиран од Секторот за локален економски развој и туризам при општина Охрид.

OhridNews