Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, вчера, пред охридската бизнис заедница ја претстави четвртата фаза од проектот „Регулаторна гилотина“

-Тука сме доколку е потребно да се направи некоја измена во легислативата и да се пренесат препораки до Владата, а до крајот на првиот квартал на годинава сите собрани податоци да ги доставиме до надлежните институции, како и да се изготви акциски план за регулаторната гилотина, истакна Ивановски.

Покрај надминување на административните бариери со кои се соочуваат компаниите, четвртата фаза од Регулаторната гилотина има за цел да овозможи и намалување на притисокот врз работењето на фирмите во услови на криза и поттикнување на претприемачите кон основање и водење сопствен бизнис.

OhridNews