Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја додаде четвртата гренд слем титула од Австралија Опен во своите витрини. За третата титула во низа на Австралија Опен, Ѓоковиќ го совлада Енди Мареј со 3-1 во сетови (6-7, 7-6, 6-3, 6-2).


Во мечот кој траеше 3 часа и 41 минути, Ѓоковиќ уште ја истакна физичката спремност и психичка стабилност. Шкотланѓанецот во тај брејк го доби првиот сет. Мареј така продолжи и во вториот, но на половина се разбуди и Ѓоковиќ. Сетот му припадна на рекетот број еден и изедначи 1-1.

По загубениот сет, Мареј имаше психолошки пад во играта, што Ѓоковиќ знаеше да го искористи. Лесно го презеде водството во финалето, а четвртиот сет беше чиста формалност.



– Му честитам на Ѓоковиќ за титулата и новиот рекорд на Австралија Опен. Сакам да му се заблогадарам за мојот тим, без кој немаше да бидам овде –
истакна Мареј, кој го загуби третото финале на Австралија Опен.

– Гренд слем турнирот во Австралија ми е најомилен затоа кога ќе дојдам тука се чувствувам како дома. Мечевите со Мареј стануваат се понеизвесни затоа ги обожавам овие дуели –
рече Ѓоковиќ, кој на Австралија Опен се изедначи со Андре Агаси и Рожер Федерер со по четири титули.

Мх.П.