Игралиште Стобекс

2020-10-24 17:00 - 2020-10-24 18:00

Утре, во 17.00ч. на игралиштето „Стобекс“, во организација на активистот и јутубер Вик Какаротски, ќе се одржи четвртиот „Час на љубовта и другарството“. Целта на овие часови, како што истакна организаторот, е да шириме позитива во овие тешки времиња, како и да се оттргнат децата од компјутерите и да им се овозможи социјализација за време на пандемијата од ковид-19.

На утрешниот час, на кој една од темите ќе биде историја, може да учествуваат сите, со задолжително почитување на сите важечки протоколи за заштита од коронавирусот, односно носење маски, држење дистанца и дезинфекција.

Исто така, ќе има пренос во живо на следниот линк.

OhridNews