“Меч на столетито за Кил“ вака германските медиуми го најавуваат четвртфиналниот меч меѓу четвртолигашот Кил и актуелниот првак и лидер во Бундеслигата, Борусија Дортмунд.


Тренерот на четвртолигашот Торстен Гутцел чии фудбалери имаат вредност од 2.175 милиони евра наспроти 102 милиони тешкиот тим на Дортмунд, најавува “Моите фудбалери се гладни за успех“


“Сините“ (чија годишна плата е од 20 до 60 илјади евра) до мечот со Борусија стигнаа откако попатно ги елиминираа Котбус, Дуисбург и Мајнц без примен гол.  Голманот Морстен Јенсен вели “Овој пат ќе биде тешко“.


 

Останатите четвртфинални мечеви се играат утре а се среќаваат: Херта – Менхегладбах, Хофенхајм – Гројтер Фурт, Штудгарт – Баерн М.

М.П.