Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.
Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид.
Изборот, предговорот и редакцијата на изданието се на Славе Ѓорѓо Димоски, а уредник е Митре Велјаноски.
Промоцијата на книгата ќе се одржи во петок, на 12 септември 2025 година, во 12 часот на мини плоштадот „Вангел Наумовски“. Настанот е дел од активностите за одбележување на деновите посветени на литературата за деца.
OhridNews