Сер Алекс Фергусон е спремен да го искористи мексиканскиот репрезентативец Чичарито како мамка за враќање на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд.

“Кралскиот клуб“ на почетокот од сезонава беше загреан за ангажман на Мексиканецот, но тогаш Фергусон ги одби. Сега шкотскиот стратег ќе го испрати Чичарито во Мадрид и ќе доплати одредена сума за потписот на Роналдо.

Со Португалецот во составот Манчестер Јунајтед освои четири титули во Премиер лигата и една во Лигата на Шампиони.

Мх.П.