На верска церемонија што ќе се одржи денеска на пладне во црквата Св. Никола Геракомија во Варош, браќата Јован и Климе Лотески ќе му го предадат кумството на новиот кум за Водици 2012, бизнисменот Ванчо Чифлиганец.

Новиот кум покрај почитувањето на верските обичаи и традицијата, најави иницијатива за поставување на споменик посветен на Богојавление, која, како што рече, ќе се реализира во согласност со законските прописи и во соработка со надлежните институции и стручната јавност.

OhridNews