Со најновиот проект за изградба на 700 елитни, високо- квалитетни станови, во новите резиденцијални комплекси во центарот на Скопје и на петте локации државно земјиште, купени неодамна во Ново Лисиче, општина Аеродром- Скопје, сакаме сите купувачи да ги ставиме во рамноправна положба. Граѓаните преку владиниот проект “Купи куќа, купи стан“, но и останатите, ќе можат во АДОРА Инженеринг-Скопје да си купат стан по цена од 900 евра, со вклучено ддв и клуч на рака. Целта на нашата компанија е во ова тешко, кризно време, граѓаните на Македонија да можат да станат сопственици на сигурен, цврст и топол дом, а можноста, што има и социјален аспект, што ја нуди АДОРА Инженеринг со исклучителните поволности и бенефиции со новите проекти, да ја паметат и идните поколенија и генерации, кои ќе ги уживаат благодетите на сопствен сигурен, квалитетен и среќен дом. Ова го изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик и генерален директор на АДОРА Инженеринг-Скопје, што најголемиот инвестициски проект го почнува годинава, кога компанијата го доби највисокото гран при признание Инвеститор на годината, што за 2011 година и е доделено на Меѓународниот саем за недвижности РЕАЛЕЏ 2012, како голема сатисфакција, поттик и обврска за уште поуспешна и поквалитетна работа во иднина.

Наградата во 2012 година доаѓа во време кога  АДОРА Инженеринг го слави 10 годишниот јубилеј, исполнувајќи ја реално својата десетгодишна мисија и визија. Изминатата деценија компанијата изгради повеќе од илјада елитни станови, двесте деловни простории, илјада и триста современи подземни паркинзи во дваесеттина резиденцијални станбено-деловни комплекси ширум Македонија, во Скопје, Охрид и Струмица. Заштитен знак на компанијата е препознатливата архитектура, модерниот дизајн и врвниот квалитет на градба по највисоките светски стандарди и современи трендови во градежништвото.


    – Годинава, кога по втор пат како и минатата година, сме прогласени за Инвеститор на годината, со амбициозен проект наскоро почнуваме со изградба на четиристотини станови во центарот на Скопје и повеќе од триста станови во Ново Лисиче, општина Аеродром. Одговорно најавувам дека  ќе се натпреваруваме со сите конкуренти на пазарот на високата градба, како и со странските инвеститори, за да докажеме кој е подобар. Тврдам дека нашите станови ќе ги имаат карактеристиките на најновите стандарди за квалитет, врвна сигурност, асеизмичност, геомеханичка стабилност, енергетска ефикасност и зелени-еко градби. Цената на продажба за сите купувачи ќе биде популарна, од 900 евра за метар квадратен станбен простор, со вклучено ддв и клуч на рака, за веднаш вселиви станови, кои идната година ќе бидат предадени во употреба. Нашето мото е скромна добивка за компанијата и квалитет на становите на највисоко ниво, како и во сите наши резиденцијални станбено-деловни објекти. Сметам дека вака работиме за доброто на татковината и нејзиите граѓани.- порача проф. д-р. Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на АДОРА Инженеринг на затворањето на Саемот за недвижности, каде беше презентиран најновиот инвестициски зафат на компанијата, од кој само со купувањето на локациите со градежно земјиште, државата инкасира 2,8 милиони евра.    

OhridNews