Годинешниот кум на манифестацијата Водици, Ванчо Чифлиганец, во соработка со општинскиот Црвен крст, им додели хуманитарни прехранбено- хигиенски пакети на педесеттина социјално- загрозени семејства во општина Охрид. Како што истакна Чифлиганец, намерата е и овие граѓани да ја почуствуваат празничната радост за Водици.


– Моите побуди за ваквите акции потекнуваат од моето детство. Потекнувам од сиромашно земјоделско семејство кое се бореше за егзистенција. Ова што денес го правиме е со цел да се даде еден скромен придонес, пред се од љубов. Секогаш кога човек верува во себе, во луѓето и Бога има надеж. Многу од вас верувам ќе имаат подобра иднина од состојбата во која во моментов се наоѓаат, им се обрати Чифлиганец на граѓаните на кои им беа доделени пакетите.

OhridNews