Споменикот посветен на големиот верски празник Богојавление – Водици, ќе биде поставен на градското пристаниште во Охрид,  до почетокот на главната туристичка сезона в година. Ова вчера го најави кумот на Водици 2012, познатиот бизнисмен и сопственик на најуспешната градежна компанија во земјата „Адора Инженеринг“, Ванчо Чифлиганец, на свечената седница на здружението Богојавление, на која беа промовирани кумовите на Водици 2014.


Ванчо Чифлиганец

-Охрид заслужува споменк на Водици. Јас ветив и ќе го остварам ветувањето. Новата локална самоуправа ја прифати претходно покренатата иницијатива на што и благодарам, локациските услови се утврдени и се надевам дека до празникот Водици ќе биде поставен постаментот, а спомен обележјето очекувам да биде готово до почетокот на туристичката сезона во Охрид догодина, доколку не се случат непредвидени работи.-истанка Чифлиганец.


Идејното решение на спомен обележјето за Водици

Идејното решение за изгледот на спомен обележјето кое ќе симболизира фаќач на крст е изготвено и наскоро ќе започне неговата изработка.

OhridNews