Стар чинар се преполови и падна врз автомобил марка „Мерцедес“ во центарот на селото Косел, охридско. За среќа во моментот на несреќата во возилото кое било паркирано во непосредна близина на семејна куќа немало никој со што е избегната трагедија.
Возилото, сопственост на Н.Р., жител на Косел е речиси целосно уништено. Сопственикот, како и локалните жители се револтирани на надлежните институции, бидејќи од порано предупредувале на опасноста од паѓање на старото дрво.
Како што истакнаа мештаните, нивното барање чинарот да се исече било одбиено со образложение дека се работи за заштитено дрво. Под влијание на врнежите од дожд и ветрот тоа вечерва се сруши врз автомобил, но за среќа никој не настрада.
На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата и истражни органи, а сопственикот на возилото најавува дека ќе поднесе соодветно барање за надомест на штета.
OhridNews